Пензионер со убодни рани пронајден мртов во Прилеп
Во текот на вчерашниот ден, околу 11 часот, со асистенција на полицијата и во присуство на јавен обвинител е извршено отворање на вратата во собата каде бил сместен В.М., кој е пронајден мртов со убодни рани на телото.

Телото на пензионерот В.М. (1952) од Могила, на кое имало убодни рани, е пронајдено во куќа во Прилеп, каде живеел како потстанар.
Од полицијата информираат дека сопственикот на куќата се посомневал зошто неколку дена по ред неговиот потстанар В.М. не излегува од куќата и за тоа ја известил полициската станица во Прилеп.
Во текот на вчерашниот ден, околу 11 часот, со асистенција на полицијата и во присуство на јавен обвинител е извршено отворање на вратата во собата каде бил сместен В.М., кој е пронајден мртов со убодни рани на телото.
Наредено е да се изврши обдукција врз В.М., а полицијата врши и истрага за расчистување на случајот.
