Случај „Труст“: Одбиен предлогот за мерка притвор за сопственикот на Трансмет

03.03.2017 13:23

СЈО ќе поднесе жалба на одлуката на судот. Во случајот „Труст“ осомничени се три правни и три физички лица.

Судија на претходна постапка во Кривичниот суд го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерка притвор за сопственикот на Трансмет. За второосомничениот, јавниот обвинител од СЈО го повлекол предлогот за определување мерка притвор и предложил определување мерки за претпазливост.

Судијата на претходна постапка определил мерка забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и мерка забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

СЈО ќе поднесе жалба на одлуката на судот. Во случајот „Труст“ осомничени се три правни и три физички лица. Се товарат дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Ссуводол. Трите фирми на тендерот настапиле како конзорциум.