Случај „Диво насеље“: Продолжува распитот на обвинетите

03.03.2017 13:25

Пред судот третобвинетиот Шеху изјави дека во април 2015-та со уште неколкумина членови на групата дошле во Гошинце и го одземале оружјето од полициската станица, а следниот месец, откако илегално влегле во земјава, се засолнале во Куманово.

Ново рочиште за случајот „Диво насеље“. Продолжува со распит на обвинетите. Во претходните искази, првите тројца обвинети се изјаснија дека не се виновни и дека не планирале терористички напади врз објекти или институции во Македонија.

Целта им била како што рекоа, да привлечат поголемо внимание за имплементација на Охридскиот договор. Пред судот третобвинетиот Шеху изјави дека во април 2015-та со уште неколкумина членови на групата дошле во Гошинце и го одземале оружјето од полициската станица, а следниот месец, откако илегално влегле во земјава, се засолнале во Куманово.

Во мај 2015-та година, во судир помеѓу полицијата и вооружената група во кумановската населба Диво насеље, загинаа осум полицајци и десет припадници на вооружената група.

За овој случај за тероризам и терористичко организирање им се суди на 37 лица.