Коруноски: Нормализиран железничкиот сообраќај, дополнително ќе се проценуваат штетите

03.03.2017 13:32

Вработените во МЖ- Транспорт и менаџментот се договорија. Идната недела, јануарската плата треба целосно да им биде исплатена, до крајот на март и февруарската.

Железничкиот сообраќај се нормализира, товарниот од вчера попладне, а од изутрината и патничкиот. Вработените во МЖ- Транспорт и менаџментот се договорија. Идната недела, јануарската плата треба целосно да им биде исплатена, до крајот на март и февруарската.

Од овој момент сите заедно почнуваме максимално да се ангажираме да ги извршуваме договорите со нашите коминтенти. Само со работа може да го надминеме ова што ни се случуваше во изминатите две недели и да не дозволиме во иднина да имаме вакви долги прекини на железничкиот сообраќај кои значат огромни  штети и за нашата компанија, општо за Македонски железници и за македонското стопанство, изјави в.д директорот на МЖ Транспорт Игор Коруноски.

Според договореното со вработените, како што рече, следната недела ќе биде исплатена втората половина од јануарската плата, а на машиновозачите им е исплатен и хонорарот за поминат километар за февруари.

Почнувањето со работа отвора можност за повлекување средства од Министерството за транспорт и врски и се надеваме дека до крајот на месецот ќе ја исплатиме и февруарската плата, рече Коруноски.

Менаџментот дополнително ќе ги проценува штетите од протестите.