Столтенберг: Нема и не може да има ветувања дека Алијансата нема да се проширува

03.03.2017 13:40

Додаде дека доколку НАТО почне да тврди дека е подготвен да ја затвори вратата пред земји, како Украина и Грузија, за да си ги олесни односите со Русија, тоа ќе значи дека се прифаќа она што е неприфатливо...

„Нема и не може да има никакви гаранции и ветувања дека НАТО нема да се проширува“, рече генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Додаде дека доколку НАТО почне да тврди дека е подготвен да ја затвори вратата пред земји, како Украина и Грузија, за да си ги олесни односите со Русија, тоа ќе значи дека се прифаќа она што е неприфатливо: воспоставување сфери на влијанија, каде што големите држави ќе можат да носат одлуки што ги засегаат малите земји.