Обама е добитник на наградата „Џон Кенеди“

03.03.2017 13:58

Заслугата му припаѓа поради тоа што со достоинство, интегритет и цврста посветеност и служел на државата за доброто на сите, со што поставил пример за американската младина.

Поранешниот американски претседател Барак Обама  е добитник на наградата „Џон Кенеди-Профил на храброста“ поради зачувување на наследството на неговиот некогашен демократски колега и претседател по кого е именувана престижната награда.

Заслугата му припаѓа поради тоа што со достоинство, интегритет и цврста посветеност и служел на државата за доброто на сите, со што поставил пример за американската младина.

Од 1989 година наградата им се доделува на сите државни службеници кои носеле совесни одлуки независно од последиците врз приватниот и професионалниот живот.

Покрај Обама, ова признание го добија сенаторот Џон Меккејн и поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот.