Могерини пречекана со скандирања во Србија

03.03.2017 14:21

Пратениците на „Двери“ со транспаренти и порачаа „Србија не му верува на Брисел“.

Обраќањето на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во српското Собрание беше проследено со скандирање од Српската радикална партија: „Србија, Русија, не ни треба Унија“.

Пратениците на „Двери“ со транспаренти и порачаа „Србија не му верува на Брисел“.

Могерини, на почетокот од говорот, ги поздрави пратениците на српски јазик, наведувајќи дека и е чест што се обраќа во домот на српската демократија.