Синдикалците од „Југохром“ на средба со Димитриев

03.03.2017 15:13

Вчера вработените во „Југохром“ со протест два часа го блокираа патот Скопје- Тетово

Во Владата средба на претставници на Синдикатот на комбинатот „Југохром“ со премиерот Димитриев.

Од Владата бараат да ја укине одлуката на Инспекторатот за животна средина за забрана за работа на Комбинатот, сѐ до поставување на системот за отпрашување.

Вчера вработените во „Југохром“ со протест два часа го блокираа патот Скопје- Тетово во двата правца на наплатната рампа кај Желино.