Тешките метали од РЕК Битола ја загадуваат почвата и воздухот
Според последното истражување и резултатите презентирани од центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-Свест“ во регионот на РЕК Битола има загадување на воздухот со честички од тешки метали. Поалармантно е што три до пет пати е поголема радиоктивноста на пепелта. Споредбите велат дека битолската термоелектрана во европски рамки е втора по штетни емисии...

Прелимеинарните резултати од последното истражување за загаденоста на почвата и воздухот со цврстите честички од тешките метали покажуваат дека почвите не се изложени на високи содржина на тешки метали освен оние што се во непосредна близина на РЕК Битола. Но загрижува тоа што ваквите честитки се забелешливи во воздухот. Експертите направиле и по 14 испитувања на мов како најдобар биоиндикатор.
„Резултатите покажааа дека во еден поширок регион околу РЕК Битола некаде до границата на самиот град се забележува за неколкупати зголемени емисии со цврсти честички од тешки метали како што се бакар, хром, никел и уште неколку метали“, вели професорот д-р Трајче Стафилов.
Честички кои се дисперзираа од депонијата на пепел каде дневно се одлагаат околу 150 тони. Професорот Стафилов вели многу поопасно е што има од три до пет пат зголемена радиоактивност.
„Според македонскиот правилник индексот на радијација е блиску до максимално дозволениот. Мислам дека во иднина треба да се вклучат и други експерти и прашање е дали ке ја дефинираме како депонија на радиоактивен отпад“, вели професорот Стафилов.
И пошироките компаративни студии со неповолни показатали. Според последното испитување во пет балкански земји, Македонија има најзагаден воздух. Во однос на над триста термоелектани во Европа, битолската има лоши компарации.
„Компарацијата на битолската термоелектрана и висината на штетни емисии во однос на сите други термоелектарни во Европа, е на второ место по тие штетни емисии, што навистина не е добро“, вели претставничката на Алијансата за животна средина, Влатка Матковиќ Пулиќ.
Параметри кој потврдуваат дека и понатаму загадувањето на воздухот останува наш генерален проблем. Од Центарот за истражување апелират за поголема заентересираност на сите фактори и разгледување на мерките што ќе ги предложат на крајот од истражувачкиот проект.
Стевче Митревски
