Поголем сточен фонд на Битолска млекара
Битолската млекарница го намалува дефицитиот на откупено сирово млеко. Ефектот доага по двегодишниот инвестициски циклус, со кој беа увезени 900 високомлечни крави и под мошне поволни услови распределени помеѓу своите кооперанти. Шталата на сточарот Димче Дишковски е побогата за десетина елитни грла. Тој е само еден од поголемите пелагониски фармери што почуствувале што значи да се има ваков сточен фонд.

- „До пре две години дневно просечно добивав од 120 до 150 литри млеко сега дневно во битолската млекара предавам над 300 литри млеко а сточниот фонд постојано ми оди во нагорна линија“ вели сточарот од пелагониското село Карамани Димче Дишковски
Вели дека сега работите стануваат појасни. Имаме откупна цена слична на европските земји и субвенции од 50 илјади денари за грло. Ја цениме подадената рака од Бимилк и владата но за да сточниот фонд уште се зголемува и имаме поголема добивка клучен фактор е соодветна распределба на државната обработлива земја на која би произведувале поефтина храна.
- „За производство на храна на годишно ниво за една крава потребен е еден хектар, Јас имам лично мои четири хектари, останатото го земам под закуп а тоа е доста поскапо“, додава Дишковски.
За единствениот млеко -преработувачки капацитет со сертификат за извоз на своите производи, новата состојба значи враќање на некогашните откупни времиња.
За некој месец очекуваат дневно да откупуват по 140 тони млеко. На новите капацитети во земјава се гледа позитивно. Велат, конкуренцијата стимулира натпревар за повисок квалитет.
- „Кога имате конкуренција во серизни брендови тогаш станувата попосветени на квалитетот а од друга страна тоа само посбе носи повлексибилни односи на домашниот и светскиот пазар“ вели Директорот на битолската млекарница Златко Најдовски.
Искуството кажува дека секогаш знаеле како до посакуваната цел.
Од Бимилк велат дека нешовитиот инвстициски циклус продолжува. Годинава ќе бидат увезени окулу 500 висококвалитетни јуници, а до 2017 година во модернизација на производниот процес ке се вложат шест милиони евра.