Предлог- политики за унапредување на бизнис климата

03.03.2017 16:08

Владеење на правото и елиминирање на корупцијата, справување со нелојалната конкуренција, квалитетна регулатива, олеснет пристап до финансии, еднаков третман на домашаните бизнисмени и странските инвеститори. Македонските стопанственици и работодавачи дадоа свои препораки и предложија мерки, за кои сметаат дека ќе го подобрат деловниот амбиент.

Пакетот предлог- политики содржи голем број мерки, групирани во пет области, кои имаат големо влијание врз развојот на бизнисот. Предлогот е од Организацијата на работодавачи на Македонија, по спроведено истртажување во 170 фирми. Апелираат за владеење на правото, лојална конкуренција, олеснет пристап до финансии, правната сигурност, претприемачка култура.

Според нив, овие мерки ќе бидат основа за идно дејствување и дијалог со социјалните партнери за унапредување на бизнис - климата во земјата и зголемување на конкурентската способност на домашните компании. Намалувањето на нелојалната конкуренција ќе доведе до побрзразвој на оние стопански гранки што се најзасегнати, сметаат работодавачите.

Според истражувањето,  работодавачите се незадоволни од политичката нестабилност,а регираат и за казнената политика.

 

Наташа Јанчиќ