Државата бара партнер за изградба на секундарна и терцијална гасоводна мрежа
Владата распиша оглас за изградба на секундарната и терцијалната гасоводна мрежа за скопскиот, источниот и западниот регион. Вкупната вредност на проектот се проценува на 150 милиони евра, треба да се реализира преку јавно- приватно партнерство. Има измени во однос на претходните огласи.

Наместо 20, периодот на концесија продолжен на 30 години, владината субвенција за приклучок во гасоводната мрежа намалена за дваесетина насто. Дел од суштинските разлики на новиот распишан оглас за изградба на секундарна и терцијална гасоводна мрежа наспроти досега објавените тендери, според Владата, технички подобрувања креирани на препорака на експертите и компании. Се бара концесионер, со приватно- јавно партнерство да ја гради дистрибутивната мрежа за гасификација на 17 Скопски, 36 општини во источниот и 26 во западниот регион. Проектот е вреден 150 милиони евра.
Во делот на примарната гасоводна мрежа, завршена е магистралниот гасовод Клечовце- Штип, во тек на реализација се Штип- Неготино, започнати се активности на делот Неготино до Битола, и од Скопје преку Тетово до Гостивар, велат од Владата. Проектирано е примарниот гасоводен систем да биде завршен во следните три години.
Со употребата на природен гас, според експертските анализи се очекува, граѓаните да заштедат од 25 до 45 проценти без разлика кој енергенс го користат. Ќе се обезбеди поголема заштита на животна средина и намалување на интензитетот на загадувањето на воздухот.
Сузана Фиданска- Стоевска
