Вајгл, Кукан, Флекенштајн: Да се прифати парламентарното мнозинство без натамошно одолговлекување

03.03.2017 16:59

Тројката европратеници вели дека очекува, новата влада да биде базирана на инклузивен и реформски консензус...

Европарламентарците Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, кои беа медијатори при постигнувањето на Пржинскиот договор од 15-ти јули 2015-та година, испратија повик до претседателот и до сите политички партии.

Велат дека е потребно да се почитува демократската одлука на граѓаните и да се прифати парламентарното мнозинство, без како што е наведено во дописот, натамошно одолговлекување.

Тројката европратеници вели дека очекува, новата влада да биде базирана на инклузивен и реформски консензус, како и на меѓуетничка соработка.