Објективност при изрекување казни

07.02.2014 17:53

Правилникот за начинот на одмерување на казните во судот не значи притисок туку реформа со која граѓаните ќе имаат еднаков пристап до правдата – констатираат првите луѓе во судството.

Првиот обвинител Зврлевски и претседателката на судскиот совет Зафировска велат дека правилникот ќе го намали волунтаризмот во одредени судници и ќе го стесни просторот за корупција во фелата. Правилникот треба да се донесе за околу еден месец.

-Со овој концепт не се задира ниту во уставните ниту во законските права на судиите за тие слободно да ја одмеруваат казната вели Марко Зврлевски јавен обвинител на рм

Спроведените анализи укажале на потребата дека е потребен правилник за одмерување на казните.Различни апелациони подрачја за исто дело носеле различни казни,  особено впечатливо под законски предвидениот минимум. Дел од судиите и адвокатите се незадоволни од носењето на правилникот бидејќи им се скратува можноста за евентуално пазарење за судската казна и добивање мито за да биде изречена пониска казна..

-Со самата примена на правилникот ќе добиеме сигурност како граѓаните така и самите чинители во судството, не само судиите туку и обвинителите кои  понекогаш се согласуваат со минимални казни рече Александра Зафировска претседател на рсс

Собранието веќе ги изгласа измените во кривичниот законик кои ги поднесе владата..  од таму велат измените беа на барање на правосудната фела.

Очекуваме да се остварат повеќе цели  пред се изедначување на казнената политика , еднаков пристап до правдата на сите граѓани и поголема објективност во изрекувањето на санкциите –смета Александар Ѓеоргиевски портпарол на Влада

Во обид да се растоварат судовите  од предмети, се изгласа и решението за спогодување. Обвинителството веќе направило 10-тина спогодби со прекршители на законот. Наместо судската постапка да трае неколку месеци ако прекршителот ја признае вината може да се спогоди со обвинителот.. Затворската казна нема да биде избегната но нема да биде максимална бидејќи прекршителот на законот го признал делото.

Миле А.Ристески