Случај пошта: горела корпата во канцеларијата на Фазлиу
07.02.2014 18:11
Продолжи судскиот процес против обвинетиот Арменд Фазлиу за пожарот во пошта.

Продолжи судскиот процес против обвинетиот Арменд Фазлиу за пожарот во пошта. Вештаците утврдиле дека жариштето на пожарот било од корпата во канцеларијата на Фазлиу. Вработена во поштата кажа дека во канцеларијата кај нејзиниот претпоставен -сега обвинет пушеле цигари, но не секогаш односно два три пати годишно. Монтер во фирма на централата за пожари инсталирана во пошти потврди дека алармот најнапред се вклучил од канцеларијата на шефот на кабинетот на директорот на поштата. Судењето продолжува.
