Како до развој на претприемништвото кај младите?

06.03.2017 10:20

Идните економисти, студентите од Економските факултети од Македонија, Србија и Словенија викендов на прва меѓународна конференција отворија дебата. Едукацијата, новите знаења, користењето на искуствата од успешните бизниси многу ќе влијае за развој на претприемништвото кај младите.

Упорност, посветеност, поголема едикација, но и голема поддршка од државата, за младите да не заминат и да развиваат претприемништво. Вака дебатираа викендов во Крушево идните економисти од Македонија, Србија и од Словенија.

Решителноста да се почне со претприемништво е нераскинливо врзана со условите што им се нудат. За едни недостасуваат посебни школи, за други треба да се редефинира и да се надградува образованието.

„Доаѓа моментот кога младите ќе ги заменат постарите. Тоа ќе го направат оние кои дополнително се едуцираат и ги следат добрите светски практики“, вели Огнен Обрадовиќ, Економски факултет Крагуевац.

Осигурителната индустрија е меѓу најистакнатите во земјава на која и се потребни млади кадри. За пет години ангажирала 30 насто повеќе млади.

Искусните и успешните во бизнисот со порака: се учи и се надградува цел живот и да има посветеност во работата.

Идните економисти најавуваат нови меѓународни средби и размена на искуства.

 

Елизабета Митреска