Тачи контра Ахмети за консензуален претседателски кандидат
Никој нема право да им нареди на граѓаните за кого ќе гласаат .

Oној што сака да го наметне ваквото решение, сака да не врати во некои поранешни времиња – став на лидерот на ДПА за позицијата на интегративците за консензуален претседателски кандидат.
Нешто, на што Ахмети притиска и по најавената конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за 1 март.
-„До денеска нема приближување на позицијата помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, за кандидатот за претседател на Македонија,кој ќе биде прифатлив за сите граѓани на државата. Ние како партија силно ќе застанеме зад нашата идеја за еден кандидат кој ќе биде прифатлив за мнозинството граѓани и ќе го браниме тој принцип“, Али Ахмети претседател на ДУИ
-„Целата манипулација е од тој збор на консемнзуален претседател,за којшто зборува Ахмети. Тоа е погрешна политика. Се враќаме во поранешна Југославија и братство и единство, кога се избираа подобри македонци, подобри албанци ,подобри срби “, Мендух Тачи претседател на ДПА
Откако отсуството на договор, ДУИ годоведе во корелација со можни предвремени избори, Ахмети од денес ја отвора вратата за уште едно можно сценарио - бојкот на претседателските избори. Одлуката не е донесена, интегративците сеуште премерувале. За Тачи бојкотот, како можна варијанта е надвор од комбинаториките. Г ласањето во првиот круг, како што изјави, може да се претпостави. Многу поинтересно според Тачи ќе биде во вториот круг , кога ќе се случуваат политичките игри . Изјавите следеа по средбите на партиските лидери со Шефот на директоратот за проширување на ЕК, Кристијан Даниелсон. Евродипломатот се сретна и првите луѓе на СДСМ, Заев и Шеќеринска. На сите средби ЕУ агендата била доминантна тема .
Виолета Димовска
