„За заедничка Македонија“ повикаа на масовност

06.03.2017 11:40

Организаторите информираат дека добиваат сѐ поголема поддршка од граѓаните.

Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со барања за отфрлање на албанската платформа. Организаторите информираат дека добиваат сѐ поголема поддршка од граѓаните.

„Верувавме во македонскиот народ, веруваме дека кога се работи за основните човекови права и интереси, ќе се приклучат во огромен број. Граѓаните од цела Македонија се обединија за зачувување на унитарноста на државата“, сметаат од граѓанската иницијатива.

Покрај во Скопје, мирни протести за заедничка Македонија се најавени и во уште 20 други градови во државава.