Прв академски час за подофицерите кандидати за офицери

06.03.2017 12:10

На Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ прв академски час за подофицерите и професионалните војници со завршено високо образование што ќе добијат офицерски чин. По завршениот 3-месечен курс ќе станат офицери во правната, интендантската, техничката, финансиската, музичката и сообраќајната струка.

23 кандидати за офицери овде во Воента академија го оддржаа првиот час од тримесечниот курс преку кој треба да се стекнат со знаења од областа на одбраната.

Подофицерите и професионалните војници кои имаат оформено цивилно високо образование, по завршување на обуката ќе станат офицери во соодветната струка – правна, музичка, финансиска, техничка и сообраќајна.

На Воената академија се организира настава во сите три студиски циклуси, а со воено образование, се стекнуваат освен домашните и кадети од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Интенцијата, како што појасни министерот Јолевски, е во иднина на воената академија да се запишуваат и питомци од НАТО земјите.

 

Анита Димитријевска