ВМРО-ДПМНЕ: Нови избори- единствено решение
Зоран Заев и СДСМ се уценети да ја прифатат платформата и да формираат тиранска влада. Единствено решение и одговор на сите прашања ќе може да се добијат на нови предвремени парламентарни избори, отфрлајќи секакви платформи од туѓи држави, велат од партијата.

Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието, со која владата се обврзува активно да се вклучи во процесот за решавање на спорот со името, вклучување на албанците во работната група за директни преговори со Грција, брза интеграција во НАТО и во Европската унија. Ова се точките од платформата што ги прифатија Зоран Заев и СДСМ под уцена да формираат тиранска влада во Република Македонија, а се однесуваат на промената на името, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев и СДСМ се уценети да ја прифатат платформата и да формираат тиранска влада. Единствено решение и одговор на сите прашања ќе може да се добијат на нови предвремени парламентарни избори, отфрлајќи секакви платформи од туѓи држави, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ чувствува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за коалицијата „За подобра Македонија“. Заради почитта кон нив и нашата стратегиска определба, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси, стои во соопштението.
