СДСМ: Уставот обезбедува јасни решенија за излез од кризата
Неприфатливо и недозволиво е Груевски да поттикнува поделби во Македонија и да користи насилства само затоа што граѓаните избраа промени, а тој ја загуби власта, велат од СДСМ.

Уставот обезбедува многу јасни решенија за излез од политичката криза. Ѓорге Иванов мора да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање на новата влада, соопштуваат од СДСМ.
Неприфатливо и недозволиво е Груевски да поттикнува поделби во Македонија и да користи насилства само затоа што граѓаните избраа промени, а тој ја загуби власта, велат од СДСМ.
Недозволиво е и од страна на Иванов, само за да го спаси Груевски да одговара за неговото криминално работење, да го крши Уставот и да ја пролонгира политичката криза на штета на граѓаните, стои во дописот.
Ако Иванов и Груевски навистина ја сакаат Македонија како што велат, тогаш тие би го почитувале уставот и ќе се повлечат. Граѓаните во Македонија не сакаат нови парламентарни избори, се вели во соопштението од СДСМ.
