Нови 30 возила за Шумската полиција

06.03.2017 13:09

Возилата во вредност од 30 милиони денари, се купени од сопствени средства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Шумската полиција доби нови 30 теренски возила „Дачиа“ со комплетна опрема. Возилата во вредност од 30 милиони денари, се купени од сопствени средства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Шумската полиција мора да биде добро опремена. Со набавката на новите возила ќе се зголеми нејзината ефикасност, но ќе се намалат и трошоците што ги прави сега веќе стариот возен парк, истакна министерот за земјоделство Михаил Цветков.

Возилата ќе бидат доставени до сите 30 шумско-полициски станици низ Македонија. Исплатата ќе се реализира во наредните пет години.