ЕУ: Советот на министри расправа за Западен Балкан
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини пред состанокот на Советот на министри изјави дека Западен Балкан има сила да ги победи постојните предизвици доколку биде поддржан со веродостоен евроинтеграциски процес.

Состојбите во земјите од Западниот Балкан, една од темите на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на европската унија. Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини пред состанокот на Советот на министри изјави дека Западен Балкан има сила да ги победи постојните предизвици доколку биде поддржан со веродостоен евроинтеграциски процес.
„Ќе ги известам министрите и подоцна неделава премиерите за нивната состојба која е изложена на предизвици, внатрешни, регионални но исто така и глобални. Сепак, самиот регион има сила и капацитет да реагира на тоа и да се воздржи, овозможено од присутната верба во европскиот интегративен процес. Тоа е наш дел од работата. И затоа очекувам и денеска но и од европскиот совет неделава да изрази силна и јасна посветеност на Западниот Балкан во услови на искрена европска преспектива за интеграција“, изјави Могерини.
Се очекува министрите да усвојат заклучоци, кои ќе бидат основа за подготовка на извештајот за Западен Балкан, што треба да биде донесен на Самитот на Унијата што ќе се одржи в четврток и в петок во Брисел.
