Метео: Облачно со повремени врнежи од дожд

06.03.2017 14:55

Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови каде локално ќе наврне до 20 литри на метар количина воден талог.

Во текот на утрешниот ден во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките планини.

Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови каде локално ќе наврне до 20 литри на метар количина воден талог.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Овие временски услови ќе продолжат и во среда кога ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе услови пад на температурите.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска