Мобилна апликација за генерирање информации за млади
Мобилната апликација за веб страната mladi.ams.mk е избрана на натпревар за креирање мобилна апликација во рамки на Националната кампања „Информирај се сега!“ на Коалицијата за младински организации СЕГА, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ.

Преку мобилна апликација, студентите ќе имаат брзи информации за стипендии, обуки и семинари, практична работа, волонтирање и вработување. Апликацијата ја креираа студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
Мобилната апликација за веб страната mladi.ams.mk е избрана на натпревар за креирање мобилна апликација во рамки на Националната кампања „Информирај се сега!“ на Коалицијата за младински организации СЕГА, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ.
Зорица Стаменковска од Агенцијата за млади и спорт рече дека веб страницата за млади е промовирана во 2015 година, а сега ќе добие и мобилна апликација. Целта на страницата е да понуди квалитетни и нови информации за младите луѓе во нашата држава.
Според Зоран Илиески од Коалицијата СЕГА, за прв пат во Македонија ќе се генерира мобилна апликација за сите паметни телефони преку која младите луѓе ќе имаат можност брзо, едноставно и навремено да ги добиваат сите информации кои се од нивни интерес.
Деканот на ФИНКИ Иван Чорбев, изјави дека со Агенцијата за млади и спорт соработувале на повеќе проекти, вклучително и натпревари за информатика и севкупните активности за промоција на информатиката како професија во подем.
На натпреварот за најдобра мобилна апликација учествуваа четири тима, надобриот доби награда од 500 евра.
