Шекспировиот „Венецијански трговец“ премиерно во Драмски театар
Режијата е на Наташа Поплавска. Претставата е дело создадено од три приказни...

Претставата „Венецијански трговец“ од Вилијам Шекспир утре премирено ќе биде прикажана во Драмскиот театар во Скопје. Режијата е на Наташа Поплавска. Претставата е дело создадено од три приказни.
Таа изрази задоволство што имала можност изборот на актерите да го направи на отворен кастинг на кој се јавиле над 70 актери, по што пристапила на изработка на концептот на претставата. Доминираат машки актери, затоа што вели, сакала да искуси како е тоа да се прави театар според Шекспировското време кога жената немала можност да игра ниту една главна улога, а главните женски улоги биле давани на млади момчиња чиј глас сѐ уште не бил променет.
Во претставата покрај бардовите на македонското глумиште Јовица Михајлобски, Диме Илиев и Анастас Тановски, настапуваат и младите актерски надежи на Драмскиот театар актерите Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски, Златко Митрески, Григор Јовановски, Сергеј Димоски, Јаков Спасов и Марко Илиќ, како и гостинот од Прилепскиот театар Зоран Ивановски. Единствениот женски лик го толкува Јана Стојановска.
Траги-комедијата на Шекспир е создадена пред 400 години, но според режисерката таа е секогаш актуелно. Во актерската екипа се вмрежуваат занаетот, искуството со талентот на младешката енергија.
