Зголемените казни го намалија дрвокрадството

06.03.2017 15:45

Минатата година од Шумската полиција биле поднесени 1.218 пријави, а привремено биле одземени 2.100 кубни метри дрвна маса. Масовната сеча на шумите изминативе 2,5 децении доведе до ерозија на земјиштето на повеќе места.

Зголемените казни и измените во Законот за шумска полиција во последниве години го намалија дрвокрадството велат надлежните. Состојбата иако е подобрена, има случаи што се санкционираат, вели раководителот во Шумската полиција, Ејуп Јаја. Минатата година од Шумската полиција биле поднесени 1.218 пријави, а привремено биле одземени 2.100 кубни метри дрвна маса. Масовната сеча на шумите изминативе 2,5 децении доведе до ерозија на земјиштето на повеќе места.

За шумската полиција полесно се справува со несовесните дрвокрадци, Министерството за земјоделство набави нови 30 теренски возила. Се очекува со набавката на новите возила да се зголеми ефикасноста на службата и да се намалат и трошоците. Возилата чинат 30 милиони денари.

Околу 320 униформирани службени лица по Законот за шуми се задолжени за мото-патролно чување на шумите. Досегашните возила „лада нива“ со кои располага Шумската полиција се стари 10 до­ 15 години, а нивното одржување е многу скапо.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во наредниот период планира да вложи и во техничка опрема за шумско-полициските станици, како и во набавка на униформи за вработените.

Дијана Ценевска