Доцни исплатата на субвенциите
06.03.2017 15:48
Нема субвенции за земјоделците. Ресорниот министер појаснува- пари за исплата има, но изборните закони не дозволуваат земјоделците да ги добијат.

Сѐ уште не е донесена владина одлука за измените на Законот за избори со кои треба да се овозможи непречена исплата на субвенциите, кои ги предлага Министерството за земјоделство.
Според ресорниот министер Цветков, предлог-измените биле разгледани на владина седница, но не била донесена одлука. Владата ја задолжила Антикорупциска да го разгледа Кривичниот закон со кој се ограничува исплатата на субвенциите во период до формирање нова влада.
Од Министерството предлагаат земјоделските субвенции да се исплаќаат со формирањето на Собранието.
