Нова мобилна апликација за поголема информираност на младите

06.03.2017 15:59

Информации за образование, стипендии, обуки, за можности за вработување. Лансирана е нова мобилна апликација за поголема информираност на младите.

Студенти на ФИНКИ, креираа мобилна алатка со која младите ќе имаат побрзи информации за стипендии, обуки и семинари, практична работа, волонтирање и  вработување. За изработката добија награда од 500-тини евра.

„Тежината за изработка на апликацијата не може да се мери со начинот на кој студентите ќе ја изработат апликацијата, туку со тоа што ќе биде побарано од клиентот. Сега бевме  оставени, на своите желби, своите интереси. Нашиот тим вклучи голем дел од функционалностите кои ги има сајтот да бидат достапни на апликацијата“, изјави Крсте Москов - студент на ФИНКИ.

Апликациите за автобуски превоз, за такси возила - мобилните апликации на смарт телефоните го олеснија транспортот. Се намалија гужвите во автобусите, но и времето за патување. Студентите на финки постојано се залагаат за дигитално

Општество. Нивните колеги, ги користат мобилните алатки, велат на овој начин  побрзо доаѓаат до потребните информации.  

„Ја користам апликацијата за автобус што ја изработија студентите на ФИНКИ.“

„Потребни се за младите и се од круцијално значење.“

„Не ги користам, затоа што не користам многу смарт телефони, на компјутер сурфам, но апликации послабо користам.“

„За ЈСП апликацијата ја користам“, велат студентите.

За прв пат во земјава е креирана мобилна апликација за сите паметни телефони, со која студентите ќе имаат побрзи информации.  

„Во согласност со претходните истражувања, контакти и дискусии со младите луѓе сметавме дека е неопходно да се обезбедат информациите кои се однесуваат на образование, стипендии, вработувања, обуки, претприемачки вештини итн и сето тоа да биде спакувано во една апликација која што ќе обезбеди брз преглед“, вели Зоран Илиевски, директор на Коалиција за младински организации „СЕГА“.

„Сме работеле на повеќе вакви проекти за дигитализација на општеството, за развивање на едно е- општество и ова е втор проект во континуитет“, вели деканот на ФИНКИ, Иван Чорбев.

Според деканот на ФИНКИ, информатиката е професија во подем и се побарана на пазарот на трудот во земјава и во станство.

 

Андријана Атанасовска