Вера Калин- најчитан автор во 2016-та
Верче Каранфиловска, или попозната како Вера Калин, е најчитаниот автор за 2016 година. Признанието ѝ го додели Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје, врз основа на податоците од библиотеките во земјава.

По седми пат доделна наградата за најчитан автор. Романот „Бездомникот со златен часовник“, на Верче Каранфиловска, алијас Вера Калин е најчитан во 2016 година, покажуваат податоците на библиотеките во земјава. Авторката вели - се соочував со страв дека младите автори не ги сфаќаат сериозно и дека кај нас повеќе се читаат странските. Сепак, си поставила цел и успеала.
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ години наназад ја организира манифестацијата „Ден на читателот“, нејзини досегашни добитници беа и Венко Андоновски, Блаже Миневски, Игор Џамбазов, Винка Саздова и Марија Јаневска.
Повозрасните се почести посетители во библиотеките, учениците најчесто позајмуваат зададена литература. Младите со различни вкусови, едни сакаат повеќе поезија други проза.
На Денот на читателот НУБ ги прогласи и наградените автори од првиот Конкурс за необјавена песна на тема „Книга, библиотека, читател, читање“. Од пристигнатите песни, првата награда ја доби Маја Мојсова за песната „Прелистување на душите“.
Наташа Јанчиќ
