Истекува рокот за локалните избори

06.03.2017 16:23

Неизвесно е кога ќе се одржат локалните избори во Македонија, планирани за в мај. Денеска истекува рокот за нивно распишување, но нема иницијатива за свикување собраниска седница. Право да ги распише изборите има претседателот на Закодавниот дом, но и тој сѐ уште не е избран.

Истекува рокот за распишување на локалните избори кои треба да се одржат во мај. Во регулативата стои дека од денот на распишување до денот на одржување на изборите не може да поминат повеќе од 90 ниту помалку од 70 дена, а редовен термин за одржување локални избори е првата половина на мај.

Седница на Собранието немаше. Од Државната изборна комисија велат дека тие можат да постапуваат единствено ако претсдателот на Собранието донесе акт за распишувањ на изборите.

Право да распише избори има само претседател кој е изгласан од најмалку 61 пратеник од актуелниот парламентарен состав.

На 30-ти декември се одржа конститутивната седница на новиот собраниски состав, на која само се верификуваа мандатите на пратениците, но не се избра и претседател на Собранието.

Изборниот законик е дециден- изборот за членови на совет и за градоначалник се одржуваат секоја четврта година во ист период.

 

Игор Панов