Почна постапката за заштита на Охридската цреша

07.03.2017 10:26

Нема доставени забелешки на елаботат за добивање на географска ознака, односно брендирање на Охридската цреша. Ова ќе биде првиот македонски земјоделски производ со заштитена ознака според новиот национален закон.

Земјоделската задруга „Охридска церешна“ поднесе елаборат за добивање на географска ознака на сортата охридска цреша. Ова е прва постапка според новиот Закон за заштита на македонските национални земјоделски производи.

Забелешки на елаборатот нема со што е почната постапката за добивање на ознаката што практично ќе значи брендирање на оваа сорта.

Според правилата таа мора да има еднаков квалитет во однос на големината и на бојата, да биде одгледувана со еднакви агротехнички мерки. Пакувањето да е во гајби на кои мора да стои името и презимето на производителот, локацијата на производство, тежината и датумот на пакувањето и да го има националниот знак за заштитена георафска ознака. 

Досега има 20 земјоделци кои годишно произведуваат скоро 3,5 тони охридска цреша. Продажната цена на ова овошје е од 70 до 100 денари за килограм,а приносот по хектар е од 18 до 20 тони.

 

Методија Трајков