Генералниот секретар на ОБСЕ, Заниер ќе ја посети Македонија

07.03.2017 10:51

Заниер се очекува да разговара со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претставници на парламентарните политички партии...

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер во среда и четврток ќе ја посети Македонија.

Според најавите, Заниер се очекува да разговара со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претставници на парламентарните политички партии.