Повремени врнежи до крајот на неделава
07.03.2017 11:30
До крајот на работната недела нашево подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови што ќе услови претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

До крајот на неделава се очекува серија влажни бранови, со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Се очекуваат исто така и пониски температури.
Во западните делови врнежите ќе преминат во снег. В петок врнежите се очекува да престанат.
Во сабота се очекува стабилизирање и затоплување на времето.
