Домашни победи на Бруклин и на Голден Стејт
Од непријатно изненадување на стартот на сезоната Бруклин се претвори во сериозен кандидат за нешто повеќе од само учество во плеј офот

Од непријатно изненадување на стартот на сезоната Бруклин се претвори во сериозен кандидат за нешто повеќе од само учество во плеј офот. „Нетси“ ја остварија седмата победа во псоледните десет натпревари, овојпат против Сан Антонио со 103:89. Една од приччината за убедливиот триумф на Бруклин е обичајот на тренерот на Сан Антонио Грег Поповиќ во одредени натпревари да ги одмора најдобрите кошаркари, па ноќеска не играа Данкан, Паркер и Џинобили. Домаќинот настапи во комплетен состав во којшто се издвои некогашниот кошаркар на Цибона, Андерсон кој беше најефикасен со 22 поена. „Нетси“ се уште се под 50 проценти во односот на победи и порази, но се во плеј - офот зоната и тоа на седмото место во „Источната конференција“ со ефект 22 – 25. Сан Антонио е втора на „западот“, а вкупно четврти во лигата со биланс 36 – 14.
Со одлични шаннси да бидат дел од доигрувањето се и Голен Стејт и Чикаго. Ноќеска, „Вориорс“ славеа со 102:87. Во отсуство на центарскиот тандем Ли - Богут, повторно расположени беа домашните бековите, па Кари постигна 34, а Томсон 22 поена. И двете екипи се шести во своите конференции, Голден стејт во западната со ефект 30 – 20, а Чикаго во источната, иако без Дерек Роуз, со по 24 победи и порази.
