Премиера на „Венецијанскиот трговец“ во Драмски театар

07.03.2017 12:19

Траги-комедијата на Шекспир е создадена пред 400 години, но според режисерката таа е секогаш актуелно. Во актерската екипа се вмрежуваат занаетот, искуството со талентот на младешката енергија.

Претставата „Венецијански трговец“ од Вилијам Шекспир вечерва премирено ќе биде прикажана во Драмскиот театар во Скопје. Режијата е на Наташа Поплавска. Претставата е дело создадено од три приказни.

Траги-комедијата на Шекспир е создадена пред 400 години, но според режисерката таа е секогаш актуелно. Во актерската екипа се вмрежуваат занаетот, искуството со талентот на младешката енергија. 

Во претставата покрај бардовите на македонското глумиште Јовица Михајлобски, Диме Илиев и Анастас Тановски, настапуваат и младите актерски надежи на Драмскиот театар актерите Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски, Златко Митрески, Григор Јовановски, Сергеј Димоски, Јаков Спасов и Марко Илиќ, како и гостинот од Прилепскиот театар Зоран Ивановски. Единствениот женски лик го толкува Јана Стојановска.