Иванов упати писмо до Трамп, Ердоган, Туск и Столтенберг

07.03.2017 12:30

Претседателот Ѓорге Иванов упати писмо до членовите и до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и до американскиот и турскиот претседател Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган, објаснувајќи ја ситуацијата во државава.

Република Македонија веќе две и пол години минува низ длабока политичка криза. Со олеснувачката улога на ЕУ и на САД беше постигнат договорот од Пржино во чија суштина беше организирање предвремени парламентарни избори. На 11-ти декември се одржаа слободни, фер и демократски избори, кои беа поздравени од сите страни. Претседателот Ѓорге Иванов, со писмо до членовите и до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и до американскиот и турскиот претседател Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган, објаснувајќи ја ситуацијата во државава.

Три од четирите парламентарни партии на етничките албанци во Македонија, под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама создадоа платформа за Албанците во Република Македонија, со која се загрозува сувереноста и независноста на државата, доведувајќи ја во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава, стои во писмото од шефот на државата.

Иванов потсетува дека донесе одлука да не определи мандат за состав на владата на секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзиниот суверенитет и независноста.

Потенцира дека од еврокомесарот Хан и шефицата на дипломатијата Могерини побарал јавно и јасно да ја осудат и да ја отфрлат платформата како чин на мешање во внатрешните работи на суверена држава.

Како што наведува македонскиот претседател, отсуството на јавна осуда од меѓународната заедница само ќе охрабри слични обиди во нашиот, но и во други региони во Европа со сложена етничка, религиска и јазична реалност.

Очекувам да се ангажирате и да ни помогнете бидејќи иднината и перспективата на моите сограѓани се пред мошне сериозен предизвик, наведува Иванов во писмото.