Оштетен објектот на Музејот на албанската азбука во Битола

07.03.2017 12:51

Според директорот на музејот, Нуер Арслани вистинска среќа е што не е предизвикана поголема штета. Тој со осуда на настанот во изјава за македонската информативна агенција, вели дека вакви настани воопшто не ни се потребни. Очекува надлежните институции да ги откријат сторителите.

Околу 4 часот утрово во СВР Битола бил пријавен инцидент во кој биле оштетени стаклото од влезната вратата, еден прозорец и спомен плочата на објектот на Музејот на албанската азбука во Битола, информираат од битолската полиција. Според првичните информации непознати лица фрлиле шишиња со запалива течност при што настанала оштетата.

Според директорот на музејот, Нуер Арслани вистинска среќа е што не е предизвикана поголема штета. Тој со осуда на настанот во изјава за македонската информативна агенција, вели дека вакви настани воопшто не ни се потребни. Очекува надлежните институции да ги откријат сторителите.

Повеќе детали околу истрагата ќе бидат соопштени по увидот, велат од МВР.