Жените се помалку платени од мажите

07.03.2017 13:17

Во пресрет на утрешниот меѓународен празник на жената, информации од Државниот завод за статистика. Од вкупниот број население, 49,9 насто се жени.

Жените се помалку платени од мажите за работа на иста позиција, малубројни се во политиката и во дипломатијата, вели Савка Тодоровска, претседателката на Националниот совет за родова рамноправност.

Во пресрет на утрешниот меѓународен празник на жената, информации од Државниот завод за статистика. Од вкупниот број население, 49,9 насто се жени. Тие живеат за 3 години и девет месеци подолго од мажите. Најчесто се одлучуваат да раѓаат по едно или по две деца, а најчесто име е Марија.

Во домашните активности според статистиччките податоци, 16 проценти од денот им поминува во чистење на домот, а просечно дневно поминуваат по скоро два часа во гледање телевизија. Во 2015-тата има 282 илјади вработени припаднички на понежниот пол, најголем број во компании во приватна сопственост.