Министерство за култура: Остра осуда за инцидентот во Битола
07.03.2017 13:56
Историјата е еден дел од заедничкото мултикултурно наследство, и затоа повикуваме на воздржаност од насилство...

Министерството за култура остро го осудува уништувањето на надворешноста на националната установа „Музеј на албанската азбука“ во Битола, каде што е претставен дел од културната историја на албанскиот народ во Република Македнонија.
Историјата е еден дел од заедничкото мултикултурно наследство, и затоа повикуваме на воздржаност од насилство, се вели во соопштението на надлежното Министерство.
