ВМРО-ДПМНЕ: Инцидентот да биде изолиран и осуден
Овој инцидент е обид на одредени сценаристи да предизвикаат дефокусирање од актуелните политички случувања во државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот, во кој беа искршени стаклата на објектот на Музејот на албанската азбука во Битола. Овој настан е изолиран и мора да биде осуден од страна на сите, со цел да се спречи евентуална негова злоупотреба.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека негувањето на историјата и културата на секој народ е суштествено право и особено значаен елемент на едно мултикултурно општество какво што е македонското.
Овој инцидент е обид на одредени сценаристи да предизвикаат дефокусирање од актуелните политички случувања во државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ги повикуваме медиумите да не го злоупотребуваат овој инцидент, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
