Почна распоредувањето на американскиот систем за противракетна одбрана во Јужна Кореја

07.03.2017 14:07

Советот за безбедност на ОН закажа вонредна седница на барање на Јапонија и САД во врска со најновите ракетни проби на Северна Кореја.

Во Јужна Кореја американски војници почнаа да распоредуваат систем за противракетна одбрана. Советот за безбедност на ОН закажа вонредна седница на барање на Јапонија и САД во врска со најновите ракетни проби на Северна Кореја.

Официјален Пјонгјанг објави дека лансирањата биле дел од вежба за напад на американска база во Јапонија.