Бура „Зевс“: Две жртви во невремето на француското крајбрежје

07.03.2017 14:30

Невремето на француското крајбрежје зеде две жртви. Во лавината во Тињ нема загинати.

Двајца возачи загинаа во силната бура „Зевс“ на француското крајбрежје. Врз нивните автомобили паднале дрва кои биле откорнати од ветрот со брзина од 193 км/ч. 600.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Последното вакво невреме се случи во 1999 година кога загинаа десетина луѓе, а три милиони домови останаа без струја. Тројца тинејџери биле тешко повредени додека оделе на училиште, додека други четири дечиња биле полесно повредени при рушење на училишниот покрив во југозападот на земјата.

Во лавината во зимското одмаралиште Тињ нема повредени ни жртви. Влошените климатските услови ја отежнаа спасувачката операција.

„Чекавме во ред за ски-лифтот и одеднаш дојдоа 40 луѓе, трчаа и ни рекоа дека сме во опасност. Не се создаде паника, но се исплашивме“, изјави една посетителка на одмаралиштето.

Ризик од лавина, кој се проценува најчесто само за затворени и несредените скијачки стази, вчера беше на четвртото од вкупно петте нивоа. На последното ниво се затвораат стазите.

Минатиот месец на истото место загинаа четворица сноубордери.

Маја Филдишев