СДСМ најостро го осудува инцидентот во Битола

07.03.2017 14:41

Сценаријата што имаат за цел да предизвикаат судир помеѓу граѓаните и да ја продлабочат политичката криза во Македонија, со цел да се спасува Никола Груевски со соработниците од одговорност за криминалите, нема да успеат.

И СДСМ најостро го осудува инцидентот во Битола, во кој се фрлени молотови коктели кон Музејот на албанската азбука.

Очекуваме надлежните органи во најбрзо време да го расветлат случајот. Сценаријата што имаат за цел да предизвикаат судир помеѓу граѓаните и да ја продлабочат политичката криза во Македонија, со цел да се спасува Никола Груевски со соработниците од одговорност за криминалите, нема да успеат.

Потпалувачите на конфликтите и нарачателите и извршителите на овие противуставни и противзаконски дела ќе одговараат. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на провокациите, велат во СДСМ.