Метео: Врнежи и пад на температурите
07.03.2017 14:43
Пообилни врнежи се очекуваат во западните и јужните делови каде на места ќе наврне и над 30 литри на метар квадратен.

Утрешниот ден во Македонија ќе донесе облачно време со врнежи од дожд и снег на планините.
Пообилни врнежи се очекуваат во западните и јужните делови каде на места ќе наврне и над 30 литри на метар квадратен.
Можна е и појава на ретки грмежи во југоисточните региони.
Температурите ќе опаднат. Максималната дневна ќе достигне до 12 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
