Јолевски: Состојбата на јужната граница е мирна и стабилна
Македонија е подготвена соодветно да реагира, доколку дојде до промена на состојбата, додава Јолевски.

Мирна и стабилна е состојбата на јужната граница, вели министерот за одбрана Јолевски, по посетата на припадниците на АРМ во Богданци. Македонија е подготвена соодветно да реагира, доколку дојде до промена на состојбата, додава Јолевски.
Денеска бев информиран дека ситуацијата на нашата јужна граница е мирна и стабилна. Никогаш не била помирна откако се затвори „Балканската рута“ за бегалците. Значително е намален и бројот на обиди за нелегално минување на границата од страна на мигрантите, особено од есеноска наваму, поради што моментно овде имаме распоредено и најмал број војници во изминативе 18 месеци, рече Јолевски.
Како сериозна држава, потенцира министерот за одбрана, Македонија е подготвена соодветно да реагира доколку дојде до промена на ситуацијата.
Будно го следиме развојот на настаните и нема да дозволиме да бидеме изненадени во поглед на бегалската криза. Имаме развиено резервни планови и подготвени сме соодветно да одговориме на секоја ситуација, нагласи Јолевски.
Македонската војска е ангажирана на северната и на јужната граница за спречување на незаконската емиграција, со одлука на македонското Собрание за вонредна состојба до јуни годинава.
