ВМРО-ДПМНЕ за избори, СДСМ за влада
За ВМРО-ДПМНЕ, предвремени парламентарни заедно со локалните избори се најдоброто решение за излез од актуелната состојба. За СДСМ, во интерес на граѓаните и на државата е Иванов веднаш да го даде мандатот за формирање нова влада.

ВМРО- ДПМНЕ со став дека предвремените парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните се најдоброр решение за излез од актуелната состојба. Сметаат дека државата нема да има поголеми доплнителни трошоци, а граѓаните ќе добијат можност да се изјаснат околу, како што велат, тиранската платформа која беше ставена на маса после декемвриските избори.
„Сеалбанската платформа беше потпишана на Божиќ, 07-ми јануари во Тирана од страна на лидерите на албанските партии во Македонија. Веднаш потоа стана услов за формирање на идната тиранска влада и беше прифатена од страна на СДСМ и Зоран Заев. Затоа граѓаните сега се чувствуваат измамени. Затоа граѓаните сега се револтирани. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи некој да тргува со државните и националните интереси само за да се спаси од кривична одговорност“, изјави Драган Данев, ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ не отстапува. Бараат од Претседателот Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на нова, како што велат реформска Влада, што тие ќе ја предводат.
„Граѓаните избраа да живеат заедно. Го избраа концептот едно општество за сите. Не сакаат поделби. Не сакаат изолација. Не сакаат нови избори. Сакаат повисока минимална плата и зголемување на просечната плата, квалитетно образование и здравство, држава во служба на граѓаните и правда за сите. Промените започнаа и ниту Груевски, ниту Иванов нема да ги спречат. Македонија ќе ја добие новата Влада предводена од Зоран Заев“, изјави Оливер Спасовски, СДСМ.
И лидерот на СДСМ, Заев, на средбата со амбасадорите на Германија, Британија, Шведска и Холамндија, порачал дека единстевн излез од сегашната состојба е доделувањето на мандатот за формирање нова Влада.
Наташа Јанчиќ
