Генералниот секретар на ОБСЕ Заниер во посета на Македонија

08.03.2017 08:37

Заниер се очекува да разговара со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претставници на парламентарните политички партии...

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер денеска доаѓа во дводневна посета на Република Македонија.

Според најавите, Заниер се очекува да разговара со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претставници на парламентарните политички партии.