Две жртви во напад врз најголемата болница во Кабул

08.03.2017 10:36

Пред да влезат во објектот, бомбаш самоубиец активирал експлозив пред болницата која се наоѓа во близина на американската амбасада.

Неколку лица отвориле оган во главната авганистанска воена болница „Сардар Дауд Хан“ во главниот град Кабул при што загинаа две лица.

Пред да влезат во објектот, бомбаш самоубиец активирал експлозив пред болницата која се наоѓа во близина на американската амбасада.

Засега никој не презеде одговорност за нападот. Претседателот Ашраф Гани нагласи дека се прекршени човековите вредности, додавајќи дека во сите вери, болницата се смета за место што не треба да биде цел на напади.