Меѓународен ден на жената
Официјално, 8-ми март е прогласен за Меѓународен ден на жената од страна на Обединетите нации во 1975-та година кога се одбележуваат достигнувањата и придонесите на жените во сите полиња во општеството.

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената. Иницијативата на германката Клара Цеткин беше прифатена на Втората меѓународна конференција на жените социјалисти во Копенхаген во 1910 година кога беше решено 8-ми март да се слави како Меѓународен ден на жената во спомен на демонстрациите на американските жени во 1903 година, одржани под паролата „Борба за општо право на глас“.
Официјално, 8-ми март е прогласен за Меѓународен ден на жената од страна на Обединетите нации во 1975-та година кога се одбележуваат достигнувањата и придонесите на жените во сите полиња во општеството.
Припадничките на понежниот пол сè уште се борат за рамноправност на работното место, но и за спречување на насилството врз жените. За еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување точно напладне во Скопје ќе се одржи Маршот за женски права, во организација на граѓанската иницијатива „Бори се женски“.
